Леганес не успеа да спречи историја: Во Ла Лига се одигра коло какво немало цели 19 години (Фото+Видео)

Леганес и Осасуна одиграа нерешено, 1-1, и испишаа историја во Ла Лига. Во 30-тото коло од шпанското првенство, ниту една домашна екипа не успеа да победи, а тоа се немаше случено цели 19 години.

Ова коло дома играа и Барселона и Реал Мадрид, но и тие не успеаја да победат, па на победи се радуваа седум гостински екипи, а три меча завршија нерешено.

Во 32-рото коло од сезоната 2005/2006 последен пат се случило да победат седум гостински екипи, а три натпревари да завршат нерешено. Седум гостински победи имало и пред три сезони, но тогаш имаше и победа на домашните екипи.

На мечот помеѓу Леганес и Осасуна можеше да се случи ова коло да биде единствено во историјата на Ла Лига во кое победиле осум гостински екипи, но тоа беше спречено со гол од пенал во 87-мата минута. Ерандо во 49-тата минута ја донесе Осасуна во водство од 0-1, а Раба од пенал во 87-мата минута ги постави конечните 1-1.

- Оглас -

Најнови вести