Леганес се жали: Голот на Суарес е нерегуларен

Раководството на Леганес смета дека клубот е оштетен против Барселона, а спорен е голот на Луис Суарес во 71-вата минута за предност на Каталонците од 2-1. И веднаш од страна на гостите од Мадрид е упатена жалба до Шпанската фудбалска федерација и се бара објаснување од Техничкиот комитет на судиите зошто Рикардо Бургос Бенгоечеа го признал голот на Уругваецот.

Според претставниците на Леганес, имало чист фаул од страна на Суарес над голманот Пичу Куелјар при спорниот гол, а ги обвинуваат и судиите во собата на ВАР затоа што не му сугерирале на Бенгоечеа дека има фаул.

https://www.youtube.com/watch?v=_qWlmJ_t784

Обично ваквите жалби немаат ефект, но и покрај тоа, од Леганес одлучија да покренат постапка.

 

- Оглас -

Најнови вести