Жирона откако ги победи Реал и Рајо Валјекано, и по третпат сезонава на гостување во Мадрид си замина си полн плен. Порту со два гола во првото полувреме донесе триумф од 2-0 и го урна митот за непобедливоста на Леганес на неговиот стадион. Леганес немаше пораз пред своја публика од 16 септември, кога загуби од Вилјареал, и тоа беше најдолга серија во шпанската лига.
Порту по трети пат во кариерата даде два гола на еден меч, а тој и Стуани имаат дадено две третини од головите на каталонскиот тим во Примера. Јубилеј од 200 настапи за Жирона имаше Пере Понс.
Жирона откако е во прва лига, од 16 меча против мадридските тимови, има само два порази, двата од Реал.