Да се биде учесник на Светско првенство во фудбал е убаво, но не значи со сигурност и дека ќе играте на Мундијал. Тоа најдобро го знае некогашниот хрватски репрезентативец Антони Шериќ.
Шериќ, кој е роден во Австралија, со хрватската селекција беше дури на три Светски првенства, а не заигра ниту една минута. Левиот бек има и бронза од Мундијалот во 1998 година, а беше дел од Коцкестите и на СП во 2002 и 2006 година, но никогаш не влезе во игра.
Шериќ му беше резерва на Роберт Јарни во 1998 и 2002, а во 2006 предност доби Марко Бабиќ. Кариерата ја заврши во 2014 година.
Освен Шериќ, и уругвајскиот голман Мартин Силва бил резерва на три Мундијали по ред, во 2010, 2014 и 2018. Силва не бранеше ниту на четири изданија на Копа Америка на кои присуствуваше, но само како гледач од клупата за резерви.