Хари Кејн од Тотенхем денеска стана најдобриот стрелец во историјата на Премиер лигата според број на голови постигнати за еден клуб.
Кејн кој во кариерата постигнал 250 голови за Тотенхем, од кои 185 во Премиер лигата, а има и 50 гола за сениорската репрезентација на Англија, уште нема трофеј во кариерата.
Овој веќе 29-годишен голгетер беше блиску до пехарите во Лигата на шампионите, на Европско првенство, и во Лига купот на Англија, но губеше во финалните мечеви.