Долгогодишната репрезентативна голманка на САД, Хоуп Соло, која кариерата ја заврши во 2016 година и честопати освојуваше трофеи, смета дека нејзините сонароднички претерале со радувањето при победата од 13-0 над Тајланд во првото коло на СП за жени.
Соло, која има две олимписки злата, а била и светски првак, смета дека не било потребно понижувањето на противничките и радувањето на головите во финишот.
„Дали требаше тимот на САД да не стиска до крај на педалот за гас? Апсолутно не. Но, мислам дека славењето беше малку претерано. Не беше потребно. Радоста треба да биде спонтана, а не за да им биде интересно на гледачите. Жал ми е за Тајланѓанките, видов дека некои нивни фудбалерки во финишот беа физички немоќни и се предадоа. Немаа сили и не беше лесно да се гледа тоа“, коментираше Соло.
Некои од Американките ги тешеа своите противнички и тоа ѝ се допаднало на Соло. Американките во првото коло покажаа дека се едни од фаворитите на шампионатот, а доколку сакате да се обложите на некои мечеви, тоа можете да го направите во Sport Life.