Поранешниот фудбалер на Арсенал и екс англиски репрезентативец, Пол Мерсон, кој сега работи како фудбалски аналитичар, даде свое мислење што треба да се очекува од Кристијано Роналдо кој после 12 години се врати во Премиеригата и повторно ќе го носи дресот на Манчестер јунајтед.
„Мислам дека тој е на 50 проценти од тоа што беше пред десет години. Немојте да ме сфатите погрешно, тој и понатаму е феноменален, беше прв стрелец во Италија минатата сезона. Каде и да игра, има одличен ефект. Но, веќе има 36 години. Ако повторно биде прв стрелец и во Премиерлигата сезонава, тогаш ќе мора да признаеме дека тој не е човек. Такво нешто би било неверојатно. Беше невозможно да се игра против него кога беше во Манчестер пред да оди во Реал, не верувам дека ќе го повтори тоа“ – вели Мерсон.
Мерсон го отпишува Јунајтед од битка за титулата.
„Дали Манчестер јунајтед ќе биде шампион на Премиерлигата? Би рекол не. Мислам дека Роналдо ќе игра како централен напаѓач, што значи дека Кавани ќе треба да размисли дали да го продолжи договорот. Малку ме чуди што го купија Роналдо, тоа е трансфер за една се зона. Тој во февруари ќе наполни 37 години. Подобро ќе беше да го земеа Кејн кој е долготрајна опција“ – додава Мерсон.