Легенда на Арсенал гледа теории на заговори и расизам во коронавирусот

Некогашниот дефанзивец на Арсенал, Тотенхем и англиската репрезентација, Сол Кемпбел, верува дека коронавирусот е создаден од вештачки човек, и целта е уништување на одредена категорија на луѓе.

„Не знам дали вирусот е грешка на природата или е смислена грешка? Интересно е што тој вирус зафаќа луѓе со определена крвна група” – напиша Кемпбел на Твитер, и закачи текст во кој се пишува дека шансите да починат кај темнокожите луѓе се четири пати поголеми отколку кај белците и претставниците на другите раси.

Кемпбел кој има 45 години и работи како тренер во клубот Саутенд јунајтед, во минатото себеси си се опишуваше како еден од големите умови во фудбалот, и не му е првпат да предизвика внимание со контроверзни изјави. Тој престана да игра во 2011 година, а се испроба и во политиката. Засега нема докази дали вирусот е вештачки креиран.

Сол Кемпбел на Твитер има повеќе од 165.000 следбеници, а откако го објави ова, еден „пријател“ му порача: „Дефинитивно многу пати ја имаш удрено топката со глава“.

- Оглас -

Најнови вести