Поранешниот фудбалер на Реал Мадрид и Баерн Минхен, како и на бразилската репрезентација, Хозе да Силва Зе Роберто, го посети тренинг-кампот на селекцијата на Кариоките до 23 години за да го сподели неговото фудбалско знаење со нив. Зе Роберто, пред сè, се обиде да ги мотивира фудбалерите да вложат повеќе напор во салата за вежбање, односно да бидат физички подготвени за каков било предизвик.
На 45 години, Зе Роберто ги покажа стомачните мускули и ги предизвика младинците да покажат кој е „набилдан“ колку него. Како што кажа бразилската легенда, не се обиде да докаже дека е арогантен, туку дека само со напорна работа може да се оствари успех како неговиот.
Како играч на Реал и Баерн, Зе Роберто освои бројни титули, стана европски првак, а имаше и успешна кариера кога се врати во Бразил. Професионалната кариера му траеше до 43-тата година, кога се пензионира во редовите на Палмеирас со освоената шампионска титула во 2016 година.