Членот на надзорниот одбор на Баерн Минхен и еден од најдобрите германски фудбалери на сите времиња, Карл-Хајнц Румениге, изјави дека доаѓањето на Винсан Компани е прашање на време.
Челниците на Баерн ја завршија мачната потрага по нов тренер и наследник на Томас Тухел и се одлучија за Белгиецот кој во последните две години го водеше Барнли.
„Нашиот спортски директор Еберл го избра Компани. Тоа сè уште не е официјално, но останаа да се решат неколку финални детали“, изјави Румениге за „Скај спорт Италија“.
Легендарниот фудбалер откри дека контактите со Компани ги овозможил поранешниот тренер на Баерн, а сега на Манчестер сити, Хосеп Гвардиола.
„Пеп многу ни помогна. Компани му беше капитен во Сити, а потоа ја следеше неговата тренерска работа во Барнли“, додава Румениге.
Баерн и Компани треба да потпишат тригодишен договор, а Барнли ќе добие отшета од околу 12 милиони евра.