Легенда на Барселона живее во раскош, а неговата ќерка е на работ на сиромаштија бидејќи пет години не ѝ платил ниту едно евро алиментација

Ерика до Росарио Ниевес започна нов судски процес против својот татко Самуел Ето поради неплаќање алиментација во кој бара затворска казна за поранешниот фудбалер.

Шпанскиот суд на процесот кој заврши минатата година ја заведе 22-годишната девојка за ќерка на Ето, кој не ги исполнил обврските да плаќа алиментација. Сега Ерика бара од судот да одреди едногодишна затворска казна за Ето бидејќи не ѝ платил ниту едно евро алиментација, чија вкупна сума сега изнесува 90.000 евра.

„Тој ѝ должи на својата ќерка алиментација за пет години и продолжува да ѝ пркоси на правдата. Ерика живее на работ на сиромаштија, додека Ето ужива во луксуз“, изјави адвокатот на Ерика, Фернандо Осуна.

https://twitter.com/PulseSportsNG/status/1675075343902814208?s=20

Судскиот процес во кој Ерика успеа да докаже дека е ќерка на Ето траеше четири години. Поранешниот фудбалер на Барселона одбиваше да се направат ДНК тестови, а при изрекување на одлуката, судот одреди Ето на Ерика до Росарио Ниевес да ѝ плаќа алиментација во износ од 1.400 евра месечно. Но, Камерунецот не ѝ платил ниту една рата.

Ерика е родена во 1999 година по кратката афера на фудбалерот со Адиленсе до Росарио. Мајката на девојката тврди дека Ето кога дознал дека таа е бремена, ја обвинил дека сака да се збогати и ѝ се заканувал дека ќе ја принуди да абортира.

- Оглас -

Најнови вести