19.8 C
Skopje
четврток, 10 јули 2025

Легенда на Галатасарај ќе игра во Аргентина

Поранешниот голман на Уругвај, Фернандо Муслера, ќе ја продолжи кариерата во Аргентина откако официјално потпиша со Естудијантес. Триесет и деветгодишниот ветеран се обврза на договор до декември 2026 година, поточно за една и пол сезона.

Муслера беше стандарден чувар на мрежата на Галатасарај од 2011 година, но по истекот на неговиот договор летово, клубот не му ја продолжи соработката. Тој веќе претходно најави заминување по освоената титула со клубот на крајот од мај.

Галатасарај размислуваше да го доведе рускиот репрезентативец Матвеј Сафонов од ПСЖ како негова замена, но според последните информации, тој ќе остане во Париз.

- Оглас -

Најнови вести