Легенда на Галатасарај посвои девојче кое во земјотресот остана без родители, а и без една рака!

Поранешниот турски фудбалер Хакан Балта, кој од 2007 до пензионирањето во 2018 година настапуваше за Галатасарај, со сопругата Дерја решија да направат еден прекрасен гест кој го воодушеви светот.

Тие неоформално, но практично, посвоија 10-годишно девојче од Хатај, кое во силниот земјотрес кој неодамна го уништи градот ги загуби родителите, а за да биде спасена, мораше да ѝ биде ампутирана едната рака. Малата Хилал 90 часови беше под урнатините на зградата во која живеела.

Хакан и Дерја Балта објавија дека до крајот на животот, материјално и на други начини ќе ѝ помагаат на Хилал. Сопругата Дерја постојано е со Хилал во болница и веќе ја засакала како ќерка или помала сестра.

Во прво време, Хилал, која била во шок, воопшто не зборувала, а откако се опуштила, побарала сутлијаш.

„Ми рече дека нејзината мајка правела највкусен сутлијаш без цимет на светот и се расплака. Се потрудив колку што можев, сигурно не е каков што правела нејзината мајка, но барем дадов сè од себе“, вели Дерја Балта.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести