Легенда на Јунајтед на „Емирати“ беше нападната од навивач на Арсенал

Легендарниот фудбалер на Манчестер јунајтед, Рој Кин, за време на дербито во Премиер лигата меѓу Арсенал и неговиот поранешен тим беше вербално и физички нападнат на стадионот „Емирати“ во Лондон.

Кин, кој работи како стручен консултант за Скај спорт, беше нападнат од навивач на Арсенал, и тоа во финишот од натпреварот, кога се упатил кон лифтот кој води до теренот каде што требаше да се вклучи во живо.

Пред лифтот, навивач на Арсенал почнал да го навредува Кин, а потоа со глава го удрил Кин. Поголем инцидент спречил Мика Ричардс, кој исто така работи како стручен консултант за Скај спортс.

Полицијата соопшти дека започнала истрага поради инцидентот.

https://twitter.com/FootballTalkHQ/status/1698617423656567153?s=20

- Оглас -

Најнови вести