Легенда на Јунајтед удри во Халанд: Тој како да е играч од четврта лига (Видео)

Поранешниот капитен на Манчестер јунајтед, Рој Кин, не е импресиониран од прикажаната игра на Ерлинг Халанд во вчерашното дерби меѓу Манчестер сити и Арсенал кое заврши без голови.

Кин има замерки за Халанд бидејќи напаѓачот е тивок на најважните натпревари, на шесте меча досега против петте првопласирани екипи во Премиер лигата, Ливерпул, Арсенал, Тотенхем и Астон вила, тој постигна само еден гол.

„Ова беше многу лошо, многу слабо одигра. Пред голот тој е најдобар на светот, но генерално гледано тој игра лошо. Неговата игра е на нивото на играч од англиската четврта лига. Тоа мора да го поправи во иднина и ќе го поправи, но мора веднаш да почне да работи на тоа“.

Roy Keane on Haaland performance vs Arsenal: “he’s almost like a league 2 player”
byu/Mahatma_Gone_D insoccer

- Оглас -

Најнови вести