Легенда на Јувентус ќе биде спортски директор на Сампдорија

Сампдорија испадна во Серија Б, но клубот успеа да избегне банкрот благодарение на новиот сопственик кој планира експресно враќање во Серија А, а прв оперативец на тимот треба да биде легендарен дефанзивец на Јувентус.

Новиот сопственик на Сампдорија, Андреа Радрикани, нема проблем со тоа што екипата ќе ја започне новата сезона со минус од четири бода поради нередовно исплаќање на плати, и планира нов спортски директор да биде Џорџо Кјелини, кој долги години го носеше дресот на Јувентус.

Идејата на Радрикани е Фабио Паратичи да биде прв оперативец на Сампдорија, но поради двегодишната забрана за работа, не смее да има никаква официјална функција во тимот, и затоа Кјелини треба да ја извршува оваа функција додека не истече суспензијата. Паратичи беше спортски директор на Јувентус во времето кога Кјелини беше капитен.

Џорџо Кјелини изминатата сезона го носеше дресот на Лос Анџелес, но најави заминување во пензија.

- Оглас -

Најнови вести