Џон Барнс, легендата на Ливерпул и англискиот фудбал, смета дека Манчестер јунајтед треба што поскоро да се ослободи од Пол Погба доколку Французин0т не се чувствува среќен во клубот.
Иднината на Погба на „Олд Трафорд” е неизвесна и во дел од серијата шпекулации се зборува за негов трансфер во Реал Мадрид, Јувентус или Пари Сен Жермен.
Погба, кој има 27 години, сезонава одигра само осум меча, а Барнс верува дека неговото присуство за Јунајтед носи само „токсична” атмосфера во клубот.
„Не можеш да држиш несреќен играч во твојот тим. Непочитувањето кон историјата на клубот и навивачите не смее да бидат ставени во втор план само за да се му угодиш на еден фудбалер. На Погба му се допаѓа кога многу се говори за него. Ситуацијата е токсична и тој треба да си замине”, смета Барнс.
Договорот на Погба со Манчестер истекува следното лето.