Легендата на Манчестер jунајтед, Марк Хјуз, e назначен за тренер на Карлајл jунајтед, клуб кој се натпреварува во Лига 2, четвртото ниво на англискиот фудбал. Новиот тим на Хјуз се наоѓа на последното 24-то место на табелата, а неговата цел ќе биде да го спаси клубот од испаѓање.
61-годишниот Хјуз има богатo тренерскo искуство. Од 1999 до 2004 година беше селектор на националниот тим на Велс.
На клупско ниво ги водеше Манчестер сити, Блекбурн, Фулам, Квинс Парк Ренџерс, Стоук, Саутемптон и Брадфорд.