Легенда на Манчестер сити: Треба да бидеме среќни што не го купивме Кристијано Роналдо

Некогашниот напаѓач на Манчестер сити, Тревор Синклер (48), смета дека Граѓаните треба да бидат задоволни што Кристијано Роналдо замина во Манчестер јунајтед, а не ви нивниот клуб.

Според Синклер, проблемот на Црвените ѓаволи е што со Роналдо во составот, се кочи развојот на младите.

„Почнувам да мислам дека Сити треба да биде задоволен што не потпиша со Кристијано Роналдо. Сезонава играчи како Санчо и Рашфорд се обидуваат да направат нешто, но целата игра се врти околу Роналдо, а тој не е во врвна форма. Тој е виновен за слабите изданија на останатите. Кристијано скапо ги чини, не само заради немањето голови од него во последно време. Тој ги принуди Солскјер и Карик да си заминат“ – изјави Синклер.

Според Синклер, Роналдо не преминал во Сити затоа што таму не би бил главен.

„Во Јунајтед тој знаеше кој е тренер и знаеше дека ќе биде поважен од него, а тоа не е добро за еден тим и клуб. Во Сити главен е Гвардиола, таму Роналдо ќе беше втор, и затоа не замина таму“ – смета Синклер.

- Оглас -

Најнови вести