Легенда на Милан го презеде кормилото на Фрозиноне

Легендата на Милан и поранешен репрезентативец на Италија, Алесандро Неста, по помалку од еден месец откако ја напушти клупата на Перуџа, се согласи на двегодишна соработка со тимот кој изминатава сезона отпадна од Серија А, Фрозиноне.

Неста ја доби довербата од раководството на неодамнешниот калчолигаш откако ја предводеше Перуџа до плејофот во битка за пласман во италијанската елита, но претрпе елиминација од Верона. Иако неговата тренерска кариера трае од 2016 година, таа постепено оди во нагорна линија, а сега Неста ќе води тим со кој може да избори пласман во Серија А.

Пред Фрозиноне и Перуџа, Неста работеше во САД како тренер на четвролигашот Мајами ФК.

https://twitter.com/Frosinone1928/status/1140718346758963201

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести