Легенда на Реал Мадрид нема дилеми: Сигурен сум дека Енрике го намести мечот со Јапонија

Легендарниот напаѓач на Реал Мадрид и на репрезентацијата на Мексико, Хуго Санчез, го обвини шпанскиот селектор Луис Енрике, дека го наместил мечот со Јапонија во кој Фуријата загуби со 2:1.

„Не сум во главата на Луис Енрике, но сигурен сум дека тој размислуваше за нокаут-фазата и им дозволи на Јапонците да победат. Тоа беше голем ризик, но како што гледате, се исплатеше“, изјави Санчез во специјална емисија посветена на СП во Катар на телевизијата ЕСПН.

Тој исто така призна дека ваквите местенки не се ништо ново во фудбалот и дека во минатото се случувале вакви работи.

„Нормално, Луис Енрике, нема да признае дека намерно загубил. Но, мора да запомниме кога тренерот ќе каже „сакам повеќе“ и да избере полесен пат до целта“. Тоа не е ништо ново, и јас додека бев тренер во Пумас го правев истото“, рече Санчез.

Шпанскиот селектор изјави дека тој и неговите фудбалери не калкулирале во натпреварот со Јапонија. Шпанија со поразот го освои второто место во својата група и избегна осминафинална пресметка со Хрватска и евентуална четвртфинална со Бразил.

Доколку Костарика евентуално ја победеше Германија, тогаш Шпанија со пораз од Јапонија, ќе испаднеше уште во групната фаза. Но, Германците со три гола во последните 20-тина минути успеаја да го свртат резултатот и да слават со 4:2.

„Воопшто не сум среќен, Јапонија не победи за само неколку минути. Се обидовме да се вратиме, но беше тешко. Во еден момент работите се нормализираа, но не можевме да постигнеме гол. Секако дека се плашев на елиминација, сето тоа го видов во фудбалот. Се обидовме да ја искористиме шансата, но беше тешко да најдеме простор. Не го знаев резултатот од вториот натпревар. Доколку дознаев дека сме елиминирани, веројатно ќе добиев срцев удар“, изјави Енрике по натпреварот со Јапонија.

Но, на социјалните мрежи се појави видео кое покажува дека резервните играчи на Шпанија, го знаат резултатот на средбата Германија – Костарика и истиот им го кажуваат на тие што се на теренот. Медиумите немаат дилеми дека и Енрике го знаел резултатот.

- Оглас -

Најнови вести