Легенда на Реал откри дали Модриќ ќе продолжи да игра за Хрватска

Поранешниот напаѓач на Реал Мадрид, Предраг Мијатовиќ, кој во 1998 година му ја донесе титулата на Кралскиот клуб во Лигата на шампионите, изјави дека Лука Модриќ ќе продолжи да игра за хрватската репрезентација.

Триесет и седумгодишниот Модриќ вчера потпиша нов едногодишен договор со Реал Мадрид, а Мијатовиќ во интервју за емисијата Ел Ларгуеро, која се емитува на радиото Кадена Сер, изјави дека Хрватот сака репрезентативната кариера да ја заврши со настап на Европското првенство 2024 година.

Мијатовиќ прв објави дека Модриќ ќе потпише нов договор со Реал Мадрид и на „Сантијаго Бернабеу“ ќе ја заврши кариерата, а со новата изјава предизвика воодушевување кај Хрватите.

„Лука Модриќ нема да ја напушти Хрватска. Тој е возбуден бидејќи ќе игра на ЕП идната година. Реал Мадрид е негов приоритет, а потоа Хрватска и настапот на ЕП“, изјави Мијатовиќ, кој е добар пријател со Модриќ.

- Оглас -

Најнови вести