Легенда на Топчиите се потсмева со трансферот на Ришарлисон: Тој би бил резерва во Арсенал!

Преминот на Бразилецот Ришарлисон од Евертон во Тотенхем, со задоволство го прифатија во еден дел од Лондон, а во соседството се смејат и потценуваат.

Некогашниот фудбалер на Арсенал, Џек Вилшир, смета дека Ришарлисон не е толку добар, и би бил на клупа за резерви во Арсенал.

„Тој има 25 години, не е стар, може да биде добар, но мислам дека допрва треба да го открие својот потенцијал, а Конте може да го направи тоа. Но, убеден сум дека таков играч во моментов би седел на клупа во Арсенал“ – рече Вилшир.

- Оглас -

Најнови вести