Една од најголемите легенди на кошаркарскиот клуб Црвена ѕвезда, Зоран „Мока“ Славниќ, познат е како човек кој сака да се шегува и нема влакна на јазикот и во свој стил ја искоментира ситуацијата во Евролигата, каде што Партизан за да влезе во плејин-разигрувањето, мора да навива и за победа на Црвена ѕвезда над Ефес во Истанбул.
„Јас сум за тоа Ѕвезда да победи во Истанбул и во наредните 20 години да ги зафркаваме навивачите на Партизан. Секако дека Црвено-белите треба да му помогнат на вечниот ривал, но сакам да ве поправам во една работа, Партизан не е српски клуб, туку ЈСД (Југословенско спортско друштво). Јас уште сум Југословен, па поради тоа може да поминат кај мене. Шегата на страна, жал ми е што Ѕвезда испадна од плејофот, додека Партизан уште се држи“, изјави Славниќ.