Легендарниот чешки хокеар, Јаромир Јагр, ја започна својата 38-ма сезона во професионалната кариера.
Јагр кој има 53 години, синоќа излезе на мразот на натпреварот од чешкото првенство помеѓу Кладно и Витковице. Јагр е играч и ко-сопственик на Кладно, каде што ја започна својата кариера.
Минатата сезона, напаѓачот одигра 39 натпревари, постигна 5 гола и имаше 11 асистенции.
Тој е двократен освојувач на титулата во северно-американската НХЛ лига. Во НХЛ играше за девет различни тимови.