Навивач го виде Жозе Мурињо во ложата на стадионот во Лисабон и сакаше да го сними како му отпоздравува, а оваа ситуација стана хит.
Навивачот прво почнал да вика „Жозе“, но немало одговор. Потоа му викнал: „Мурињо“, но пак ништо.
Во третиот обид навивачот викнал „Специјален!“. Е, тогаш Мурињо се свртел кон него и му мафнал со раката.

