Легенда: Сè беше договорено и платено, но по прошетката низ градот, го откажа трансферот

Германскиот фудбалер Надим Амири направи нешто што никој досега не го направил, самиот го откажа веќе договорениот трансфер бидејќи не му се допаднал градот во којшто треба да игра.

Лидс се договори со Баер Леверкузен за шест милиони евра да го купи Амири, беа договорени и личните услови, но трансферот беше откажан во последен момент.
Амири допатувал во Лидс за да го разгледа градот и да го види тренинг-центарот, аа потоа одлучил да го откаже трансферот.

https://twitter.com/DeadlineDayLive/status/1696517063500820611?s=20

Според германските медиуми, има две причини зошто Амири го откажал трансферот. Првата е лошиот старт на Лидс во новата сезона во Чемпионшип дивизијата бидејќи освои само пет бода во првите четири кола, а втората причина е дека наскоро ќе стане татко и со сопругата одлучиле засега да останат во Германија.

 

- Оглас -

Најнови вести