Еден од најголемите и најпознати чилеански фудбалски клубови Коло-Коло со победата од 1-0 над Универсидад де Консепсион се спаси од испаѓање од првата лига. Некогашниот првак на Јужна Америка беше на работ на пропаст, но победија во плејаут-мечот со гол на 19-годишниот Аргентинец Пабло Солари во 19-тата минута.
Коло-Коло, кој постои 96 години, 36 пати бил првак, никогаш не испаднал од првата лига и затоа оваа победа ја прославија со голема радост и мечот го прогласија за втор најважен по оној со Црвена ѕвезда во Токио во 1991 година од Интерконтиненталниот куп. Пред мечот, фудбалерите на Коло Коло добиваа закани од типот „Победете или ќе ве убиеме“.
Преку социјалните мрежи радост искажа и Артуро Видал, ѕвездата на Интер и на чилеанскиот фудбал. Видал кариерата ја почна токму во Коло-Коло и не му беше сеедно дали клубот ќе испадне или ќе опстане како член на елитата.