Легендарен пат на Тигрите до финале против Баерн – Голмански гол во последна секунда ги спаси од елиминација на стартот на авантурата (Видео)

Легендарен пат минаа Тигрите од Мексико до финалето на Светскиот клупски куп вечерва против Баерн, а еден момент беше клучен за интересната авантура на шампионот во Конкакаф зоната.

Во осминафиналето на Лигата на шампионите во која играа клубови од Северна и Средна Америка, Тигрес беше пред елиминација во двомечот со Алијанса од Салвадор.

Го загубија првиот меч од аутсајдерот со 2:1 на гостински терен, а иако водеа со 3:2 до 94-тата минута, во реваншот ќе испаднеа благодарение на правилото за повеќе постигнати голови на гости при израмнет вкупен резултат, што им одеше во прилог на гостите од Салвадор.

Тогаш голманот Нахуел Гузман одлучи да оди на сè или ништо, и ја погоди мрежата на Алијанса и буквално во последните секунди на реванш-мечот. Тигрес победи со 4:2, со потребните два гола разлика, а Гузман е херојот што ќе биде запишан во клупската историја.

Goalkeeper Nahuel Guzman kept @TigresOficial in the CONCACAF Champions League with this last-minute header. They won the tournament and will become the first ever Mexican team to play a CWC final when they play Bayern later tonight from soccer

Потоа Тигрес лесно го елиминира Њујорк сити со вкупен резултат од 5:0, па ја надигра и парагвајска Олимпија во еден меч во полуфиналето на ЛШ со 3:0 и ја освои титулата со триумф од 2:1 против Лос Анџелес ФЦ.

Тоа им обезбеди и настап на Светскиот клупски куп, а победите продолжија да се нижат и во Катар. Тигрес успеа да го елиминира Улсан Хјундаи со победа од 2:1 и потоа приреди изненадување во полуфиналниот меч со фаворитот Палмеирас. Го победија тимот од Бразил со 1:0 и вечерва во Ал Рајан од 19 часот ќе ја зваршат бласкавата авантура со финале на Светскиот клупски куп против Баерн Минхен.

Тигрес е првиот мексикански тим што има можност да се бори за титулата во натпреварувањето што го организира ФИФА.

 

 

- Оглас -

Најнови вести