Легендарен српски тренер „плука“ по Хрватот Модриќ

Српскиот стручњак кој долги години работеше во Шпанија, Радомир Антиќ, изјави дека за него нема никаква смисла тоа што Лука Модриќ беше прогласен за најдобар фудбалер на светот во 2018 година.

„Лука не дава голови, не асистира. Едноставено, нема смисол да биде играч на годината. Ви требаат играчи како Де Бројне, а не како Азар. Покорисни се играчи кои им овозможуваат на другите повеќе да играат. Апсурдно е што никој во Шпанија не сака да го купи најдобриот додавач на светот Де Бројне“, изјави екс тренерот на трите најголеми шпански клубови.

Антиќ го коментираше и можниот трансфер на Антоан Гриезман од Атлетико во Барса.

„Тој е плејмејкер, а Барса игра без таков фудбалер. Ако го купат, ќе биде на клупата бидејќи не се вклопува во концепцијата. Ќе биде како Кутињо. Гриезман повеќе би му користел на Реал“, заклучува 70-годишниот Антиќ.

- Оглас -

Најнови вести