Легендарната тенисерка има убава вест – го победила ракот

Легендарната тенисерка Мартина Навратилова, која има 18 гренслем-титули во поединечна конкуренција, објави убава вест дека го победила ракот.

Навратилова во ноември минатата година откри дека има рак на дојката, а потоа се појавија информации дека болеста метастазирала на грлото.

„По цел ден поминат на разни прегледи, можам да кажам дека сум добро. Им благодарам на сите доктори, медицински сестри и на сиот персонал. Какво олеснување за мене“.

- Оглас -

Најнови вести