Легендарната Американка најавува: Ѓоковиќ ако го освои ОП на САД, ќе ја заврши кариерата!

Една од најдобрите тенисерки на сите времиња, Американката Крис Еверт, можеби знае нешто што пошироката јавност не го знае или само даде свое мислење кога изјави дека Новак Ѓоковиќ ќе ја заврши кариерата доколку го освои претстојното Отворено првенство на САД.

Иако Србинот е во добра форма и нема најавено дека ќе се пензионира во блиска иднина, Еверт мисли поинаку.

„Мислам дека доколку го освои 25-тиот гранслем, би ја завршил кариерата. Ќе ја надмине Маргарет Корт, ќе биде единствен со 25 гранслема, победи и на Олимписките игри. Ако ја освои титулата, мислам дека сите би му дале дозвола да се повлече. Имаше многу подеми и падови во животот, во бракот. Јас верувам во карма. Овој човек напорно работеше цел живот, трпеше критики и беше претставен како ‘лош човек’ во споредба со Федерер и Надал. Заслужи во кариерата да освои и олимписко злато“, изјави Еверт.

- Оглас -

Најнови вести