Легендарната „десетка“ на Јувентус сезонава ќе ја носи 19-годишен талент

Јувентус ги прави последните подготовки за новата сезона, а Старата дама одлучи дресот со бројот 10 да го додели на младиот талентиран турски репрезентативец Кекан Јилдиз. Турчинот, кој има само 19 години и од минатата сезона е во Јувентус, веќе има 27 настапи за Старата дама во Серија А и постигна два гола.

Со настапите во првата сезона, Јилдиз покажа дека има супер талент и веднаш се наметна како еден од главните играчи во тимот. Токму затоа летово ја доби честа да го носи дресот со бројот 10, кој во минатото им припаѓал на многу легендарни играчи во овој клуб.

Омар Сивори, Мишел Платини, Роберто Баџо, Алесандро дел Пјеро, Карлос Тевес, Пол Погба, Паоло Дибала се дел од ѕвездите кои биле со 10-ката во Јувентус, а сега тој примат му припаѓа на турскиот тинејџер.

- Оглас -

Најнови вести