Легендарниот германец, Ули Хенес, бил еден од оние кои се убедувале да го убедат Чаби Алонсо да премине од Баер Леверкузен во Баерн Минхен. Сепак, како што вели и самиот, шпанецот бил вистински господин и кога го одбил.
„Алонсо ми рече: Направивме чудо, многу играчи се овде токму поради мене и не можам да го напуштам клубот во овој момент. Мојата сопруга веднаш рече: Ако има карактер нема да дојде, а ако нема тогаш ќе прифати и тоа би значело дека не е тренер за вас. И како и секогаш, таа беше во право. Чаби Алонсо има договор со Леверкузен во 2026-тата година. Го прашавме, не сакаше да дојде бидејќи има карактер. Ова го прави идеален за клупата на Баерн во иднина.“ – рече Хенес.
Ули Хенес најави дека името на новиот тренер на Баерн Минхен ќе биде познато во следните неколку седмици.