Легендарниот Сер Алекс Фергусон цели 27 години беше тренер на Манчестер јунајтед и многумина сметаат дека токму во негово време „црвените ѓаволи“ ги имаа најдобрите години во историјата на клубот.
Тренерот од Шкотска се повлече од клупата на Манчестер јунајтед во 2013 година со освоиени 38 трофеи, од кои 13 во Премиер лигата и два во Лигата на шампионите. Сепак, „црвените ѓаволи“ сега се далеку од тие резултати, но серијата од пет меча без пораз како да влева надеж кај многумина дека Манчестер јунајтед се враќа на старите патеки.
„Има знаци, менаџерот покажува добри сигнали.“ – е коментарот на Сер Алекс Фергусон за работата на Рубен Аморим и моменталните резултати на „ѓаволите“.

