Легендарниот Алесандро Неста ќе биде тренер на екипа од Серија А

Легендарниот фудбалер на Лацио и Милан, но и на репрезентацијата на Италија, Алесандро Неста, има нов тренерски предизвик во кариерата. Тој и официјално е претставен како тренер на членот на Серија А, Монца. Договорот е со важност од една сезона, но доколку бидат исполнети целите на клубот, може да биде продолжен за уште една. Монца минатата сезона заврши на 12-тата позиција во Серија А.

Неста во тренерската кариера ги водеше американскиот второлигаш Мајами, но и италијанските Перуџа, Фрозиноне и Реџина. Во фудбалската кариера, Неста настапуваше девет сезони за Лацио, а потоа се пресели во Милан, каде што освои по две титули од Серија А и од Лигата на шампионите.

- Оглас -

Најнови вести