Легендата на македонскиот фудбал и на фудбалскиот клуб Вардар, Андон Дончевски, е прогласен за почесен претседател на Црвено-црните. Ова големо признание за првиот селектор на фудбалската репрезентација на Македонија доаѓа на предлог на неизвршниот директор на Вардар, Мартин Гелев, а раководството на клубот едногласно ја донесе одлуката.
„На редовната седница на Одборот на директори на АД ФК Вардар одржана на 07.08.2025, едногласно беше прифатен предлогот на неизвршниот директор Мартин Гелев, легендата на Македонскиот фудбал и на Вардар, АНДОН ДОНЧЕВСКИ да биде прогласен за ПОЧЕСЕН ПРЕТСЕДАТЕЛ на клубот. Нека е честито и за многу години“, велат од ФК Вардар.