Легендарниот Барнс објасни зошто Ливерпул треба да има доверба во тренерот Арне Слот

Ливерпул одигра разочарувачки меч на гостувањето кај Манчестер сити и загуби со 4:0, за елиминација од ФА Купот. Ако се знае дека Ливерпул заостанува дури 21 бодови зад Арсенал на првенствената табела, јасно е дека Црвените немаат шанси да го одбранат тронот во Премиер лигата.

На Ливерпул сега му останува само да се бори само уште за трофејот во Лига на шампиони, во спротивно сезоната ќе ја заврши без ниту еден освоен трофеј. Иако многумина негодуваат и како еден од главните виновници за слабата сезона на Ливерпул го посочуваат тренерот Арне Слот, легендата на Ливерпул, Џон Барнс не мисли така.

Фудбалерот кој има одиграно преку 400 натпревари за Ливерпул и над 70 настапи во дресот на англиската репрезентација, е гостин во Битола на македонскиот фан клуб на Ливерпул. Барнс вчера заедно со уште неколку стотина навивачи на Ливерпул го следеше мечот против Сити, а пред средбата даде свое мислење околу тоа дали Слот треба да си замине.

„Не е само тоа да се бара да се смени тренерот. Потребно е да се има точно идеја кој би го заменил, ако тој си замине. Ете вие кажете кој тренер го сакате. Гвардиола е зафатен, Артета е зафатен, тренерот на ПСЖ не може да го добиеме, кој тренер би бил добро решение, ако Слот добие отказ сега“, рече Барнс, а потоа додаде дека е потребно да се име трпение и верба во работата на стратегот.

„Дали се сеќавате како беше првата сезона на Јирген Клоп кога дојде во Ливерпул. Завршивме со дури 20 бодови помалку од шампионот. Но тогаш Клоп не доби отказ затоа што имавме доверба во него. Потребно е да се биде константен, но потребно е и да се даде поддршка на тренерот кога не оди најдобро на тимот. Затоа и јас давам целосна поддршка на Слот. Играчите на теренот треба да знаат дека и тие мора да допринесат на теренот со добра игра и да се борат за секоја топка. Секогаш може да се случи да имате лоша сезона. Слот во првата сезона ја освои титулата, сега ќе биде добро ако завршиме во Топ 4 на табелата, но секако дека треба да се има повеќе трпение и доверба“, објасни Барнс.

За тоа како изгледаше фантастичната атмосфера вчера во Битола направена од неколку стотина фанови на Ливерпул може да видите на видеото од забавата во дискотеката, а што кажа самиот Барнс за тоа како беше дочекан во Битола, може да прочитате ТУКА. 
Еден од подржувачите за доаѓањето на Барнс во Битола е и обложувалницата Sport Life која уште еднаш потврди дека се залага за развој и популаризација на спортот и спортските настани во Македонија.

- Оглас -

Најнови вести