Легендарниот аргентински напаѓач, Габриел Батистута, беше запрашан кој е најдобриот на сите времиња, а според него, тоа не се ниту Лионел Меси, ниту Кристијано Роналдо, туку Диего Армандо Марадона. Тој и го образложи својот избор.
„За мене Марадона беше најголем од сите. Диего ја претставуваше Аргентина на многу начини, не само во фудбалот. Тој е првиот кој нѐ одведе до ѕвездите, совојувајќи го Светското првенство. Имаше харизма, редок талент и фантазија. Диего можеше да владее со стадионот, сите му се восхитуваа. Играв со него и можам да ви кажам колку значеше за екипата. Од блиску гледав што се случува со него, живееше во посебен свет.“ – вели Батистута.