34.8 C
Skopje
сабота, 2 август 2025

Легендарниот Борис Бекер изгубил осум сантиметри висина по излегувањето од затвор

Легендарниот германски тенисер Борис Бекер откри дека изгубил дури осум сантиметри од својата висина по излегувањето од затвор, но тоа, пред сè, се должи на здравствена состојба и неколкуте операции кои мораше да ги направи.

„Бев висок 193 цзаиметри, сега имам 185, пред сè, поради операциите на колкот, коленото и зглобот. Многу ослабев по операциите, но велат дека е нормално да изгубите на висина. Изгубив осум сантиметри и платив висока цена“, вели Бекер, кој од декември 2022 година е слободен човек откако мина осум месеци во затвор поради даночно затајување и криење на имот.

- Оглас -

Најнови вести