Еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, Луис Назарио де Лима Роналдо, ретко може да го видиме како игра фудбал откако ја заврши кариерата пред 10-тина години. Легендарниот голгетер многу се здебели, но секако неговата фудбалска магија останува вечна.
Роналдо реши да се врати на теренот, и тоа во аматерската англиска лига, популарната „Неделна лига“. Бразилецот го облече дресот на Феникс, која е најслаба екипа во дивизијата 8 во НВЛ.
Некогаш незадржлив голгетер, сега едвај се движеше по калливиот терен во аматерската лига и речиси немаше никаква запазена улога на теренот. Сепак, ова беше историски момент за оваа аматерска англиска лига.
„Момците не можеа да веруваат дека Роналдо се појави во тимот. Бидејќи не е регистриран за настап, му го дадовме името Дејв Волш“, рече тренерот на Феникс, Брајан Едвардс.
https://twitter.com/i/status/1767144271444955370