14.8 C
Skopje
недела, 19 октомври 2025

Легендарниот Бразилец на 41 година даде фантастичен гол за победа и тоа во 90+8 минута (Видео)

Тијаго Силва е еден од оние фудбалери кои имаа блескава кариера. Со голем успех играше за Пари Сен Жермен, Челзи, Милан, а сега со полни 41 година не планира да се пензионира и настапува за тимот на Флуминезе во родниот Бразил.

Не само што е дел од Флуминезе, Силва уште игра фантастично. Иако неговата природна позиција е централен дефанзивец, на последниот меч за Флуминезе, токму Силва беше херојот и тоа со постигнување гол во 90+8 минута на мечот против Хувентуд за голема радост и триумф од 1:0.

Тијаго Силва има и 113 настапи во репрезентацијата на Бразил, а на клупско и репрезентативно ниво има освоено многу трофеи. Очигледно е дека легендарниот Бразилеци на 41 година е физички одлично подготвен да им парира и на двојно помладите од него.

- Оглас -

Најнови вести