Легендарниот италијански офанзивец Алесандро дел Пјеро даде контроверзна изјава во врска со елиминацијата на Интер од Бодо/Глимт, па дополнително ги зовре страстите во Милано, каде што сигурно ќе му се налутат. Тој го спореди Интер со Јувентус и нагласи дека го немаат тој италијански шарм како Старата дама.
„Важно е да се нагласи дека Бодо одигра извонреден натпревар, нивната тимска игра ја направи разликата. Интер направи многу малку. Ваквите натпревари мора да се играат сериозно, а Интер беше под своето просечно ниво. Интер играше здодевно. Мора да бидат многу разочарани, не направија ништо конкретно за да ја запалат публиката, да го разбудат стадионот, да ги добијат тие крилја. Да бидеме реални, тие го немаат тој италијански шарм и тоа достигнување што го има Јувентус. Ваквите натпревари мора да се играат со гордост ако мислите на крајот да излезете како победници“, рече Дел Пјеро за „Скај спорт“.

