Легендарниот Џиџи испиша историја, го надмина Малдини на вечната листа

Голманот на Јувентус, Џанлуиџи Буфон, го чува голот на Старата дама на градското дерби со Торино, и со тоа го запиша својот 648-ми настап во Серија А, што е нов историски рекорд. Буфон го надмина легендарниот бек на Милан, Паоло Малдини, кој кариерата ја заврши со 647 меча во елитната италијанска лига.

Зад 42-годишниот Буфон кој има договор и за следната сезона, во топ 5 листата се Малдини, Франческо Тоти, Хавиер Занети и Џанлука Паљука. Буфон се врати во Италија со цел да го урне рекордот на Малдини, и успеа во тоа. Сега како единствена неисполнета желба му останува освојување на Лигата на шампионите.

- Оглас -

Најнови вести