Легендарниот Дојчиновски не го заборавија ниту во Белград ниту во далечниот Салвадор

Легендарниот македонски фудбалер Кирил Дојчиновски почина вчера на 78-годишна возраст. Македонскиот фудбал остана посиромашен за еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, кого во неговата кариера го знаеја и далеку преку Атланскиот Океан, односно во Ел Салвадор.

Дојчиновски беше селектор на Салвадор, а фудбалската федерација на оваа земја не заборави да му даде последна почит на проф. Дојчиновски.

Освен во Ел Салвадор, од Дојчиновски се простија и во соседна Србија. Некогашниот европски првак Црвена ѕвезда не го заборави својот некогашен дефанзивец. Дојчиновски за Црвена ѕвезда имаше одиграно над 400 меча, па јасно е дека Црвено-белите никако не можеа да го заборават легедарниот фудбалер.

- Оглас -

Најнови вести