Фабио Канаваро е нов селектор на Кина. Некогашниот капитен на италијанската репрезентација доаѓа на местото на неговиот ментор Марчело Липи. Дебито како стратег на најнаселената земја во свет, Канаваро ќе го има на мечот против Тајланд. Доколку дебитира со победа, Канаваро и Кина ќе играат со подобриот од дуелот меѓу Узбекистан и Уругвај на „Кина купот“.
Во богатата играчна кариера Канаваро играше за Наполи, Парма, Интер, Јувентус, Реал Мадрид и Ал Ахли. Меѓу многуте пехари, трофеи и признанија кои ги освои, најзначајни му се „Златната топка“ во 2006 година, Светското првенство во 2006 со Италија, а бил и освојувач на УЕФА купот, шампион на Шпанија и освојувач на Купот на Италија.
По завршување на играчката кариера реши да биде тренер, а досега бил на клупата на Ал Ахли, Гуангжу, Ал Наср и Тијанџин. Како тренер нема освоено ниту еден позначаен трофеј.