26.8 C
Skopje
среда, 10 септември 2025

Легендарниот Феликс Магат треба да спасува тим од трета лига

По две години пауза, се очекува враќање на легендарниот Феликс Магат. Германските мериуми најавуваат дека 71-годишниот стратег е најсериозен кандидат за нов тренер на третолигашот Унтерхахинг.

Магат последниот ангажман го имаше во Херта Берлин, од каде што си замина во јуни 2022 година. Потоа повеќе од две години е без ангажман, но очигледно не сака да замине во пензија.

Магат се запиша во историјата на Бундеслигата како тренерот кој успеа со Волфсбург да стигне до титулата во сезоната 2008/09. Претходно тој двапати беше првак и со Баерн Минхен, а со баварскиот гигант има два трофеја во Купот на Германија и еден пехар во Лига купот.

Дури трипати бил прогласуван за најдобар тренер во Германија, а бил предводник и на Херта, Шалке, Штутгарт, Хамбург, Фулам и Луненг. Сега ќе има голем предизвик во Унтерхахинг, тим кој има серија лоши резултати и падна на последното место на табелата во третата лига само со 14 бода, шест бода помалку од екипите кои се во зоната за спас.

- Оглас -

Најнови вести