4.8 C
Skopje
понеделник, 16 февруари 2026

Легендарниот Франческо Тоти е пред враќање во Рома: „Ова е мојот дом“

Легендарниот Франческо Тоти целата своја кариера ја мина во екипата на Рома, а сега е пред враќање, и тоа на директорската функција. Дека преговорите се во тек, потврди и самиот Тоти.

„Отсекогаш сум навивач на клубот. Рома е мојот дома, секогаш беше, дури и кога не сум таму. Задоволен сум од она што го прават и патот по којшто одат. Во последно време има шпекулации. Вистина е, разговараме, размислуваме некои детали и ќе одучиме што е најдобро за сите. Се надевам дека наскоро ќе имаме конечна одлука“, рече Тоти.

Италијанецот имаше само пофалби за работата на тренерот Гасперини, кој ја презеде клупата на Рома минатото лето.

„Започна на вистински начин и сите навиваме за враќање во Лигата на шампионите. Имав вечера со него, разговаравме за сè по малку, не само за фудбал“, додава легендарниот Франческо Тоти.

- Оглас -

Најнови вести