Легендарниот Французин предвидува: Мбапе со Реал Мадрид ќе освојува многу трофеи

Најголем трансфер во летниот преоден рок е заминувањето на Килијан Мбапе од Пари Сен Жермен во Реал Мадрид. Мбапе е еден од најдобрите фудбалери на денешницата, а Реал е актуелен шпански и европски првак, па тоа треба да биде добитна комбинација.

Легендарниот француски фудбалер Роберт Пирес вели дека очекува Мбапе во Реал да освои многу пехари и трофеи.

„Многу се радувам дека Мбапе потпиша за Реал Мадрид. Тоа е најголемиот клуб во светот, кој знае како се освојуваат титули во Примера дивисион и во Лигата на шампиони. Сите сакаат да потпишат за Реал Мадрид и ова е чудесна можност за Мбапе. Тој има играно за Монако, ПСЖ и француската репрезентација, но во Мадрид се работи на многу повисоко ниво. Мислам дека ќе освои многу трофеи со Реал Мадрид“, оптимистички најавува Пирес, кој најблескавиот дел од кариерата го помина во дресот на Арсенал.

- Оглас -

Најнови вести