Легендарниот италијански фудбалер, Џенаро Гатузо, и неговото семејство се во големи проблеми, откако подолг период се цел на изнуда од калабриската мафија.
Мафијата се обидела преку неговата сестра и татко да изнудат 80.000 евра од Гатузо, кој во моментов е тренер на Марсеј, па откако не успеале, на двапати ја запалиле колата на неговата сестра. Откако случајот бил пријавен во полиција, стролителите биле најдени и уапсени.
Сепак, Гатузо кој важеше за еден од најпргавите играчи на теренот, не оставил се во рацете на полицијата, па ангажирал луѓе да се пресметаат со калабриската мафија.